Со цел подобрување на бизнис климата во Македонија, Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Антоан Русел Абрус од Светска банка потпишаа договор за подобрување на деловната средина. Овој договор вклучува препораки за намалување на надоместоците, бројот на процедури, времето за постапување по поднесените барања и намалување на можностите за корупција преку рационализирање на процесот за издавање на градежни дозволи. Претставникот на Светска банка Абрус изјави дека со спроведувањето на реформите во последните три години, Македонија се најде на листата на Топ 10 реформатори во светот, што значи Македонија станува се попривлечна за странските инвеститори. Македонија, исто така, се наоѓа на 37-то место на Меѓународната листа по едноставност во водење на државата и фирмите.
Со цел подобрување на бизнис климата во Македонија, Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Антоан Русел Абрус од Светска банка потпишаа договор за подобрување на деловната средина.
„Овој договор вклучува препораки за намалување на надоместоците, бројот на процедури, времето за постапување по поднесените барања и намалување на можностите за корупција преку рационализирање на процесот за издавање на градежни дозволи“ изјави Јанкиески.
Претставникот на Светска банка Абрус изјави дека со спроведувањето на реформите во последните три години, Македонија се најде на листата на Топ 10 реформатори во светот, што значи Македонија станува се попривлечна за странските инвеститори.
„Македонија, исто така, се наоѓа на 37-то место на Меѓународната листа по едноставност во водење на државата и фирмите“, рече Абрус.
Според договорот, за овој проект се потребни 34 илјади долари. Меѓународната финансиска корпорација (МФК) обезбеди 31 илјади долари Министерството за транспорт и врски 2.277 долари.